Ако добиеме понуда за влез во Влада, органите на партијата ќе расправаат, вели Рашиди од Алијанса

од Nikola Popovski
228 прегледи

Пратеникот од Алијанса на Албанците, Сурија Рашиди денеска истакна дека во неговата партија слушнале за гласините околу влез на АА во Владата, но во моментов е само шпекулација.

-Во Алијанса на Албанците нема такво нешто. Продолжуваме да дејствуваме како опозиција. Во моментов сме ангажирани во структуирање на партијата секаде каде што живеат наши гласачи и граѓани. Ниту е разговарано. Ако било што се добие како понуда, мора органите на партијата да расправаат и да разгледаат. Се додека нема такво нешто, се друго е шпекулација, рече Рашиди како одговор на новинарско прашање во Собранието.

Слични содржини