Ако е толку убеден нека оди во потврдна форма за да се докажеме на суд, му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ на Јакимовски

од Nikola Popovski
383 прегледи

Ја разбираме задачата на Стевчо Јакимовски која пред се е мотивирана од концесиите кон ДУИ и кон таткото и синот Ковачевски и сега има мисија да шири невистини, измислици и лаги кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски.

Од партијата сметаат дека „Ковачевски и Ахмети му наредиле на Јакимовски“.

-Ако е толку убеден Јакимовски во тоа што го збори следниот пат наместо во прашална форма нека оди во потврдна форма за да може да се докаже вистината пред судовите.  Навистина е срамен крајот на Јакимовски кој на тие години одлучи да се спушти толку ниско да биде измеќар на синот и таткото Ковачевски, што секако е жално за гледање, стои во партиското соопштение од „Белата палата“.

Јакимовски денеска застанат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ го праша лидерот на опозицијата „на колку години ја направил првата хидроцентрала, дали тоа беше пред да биде советник во Владата на Груевски, дали пред да биде директор на ЕСМ или ја направил првата хидроцентрала откако станал директор на ЕСМ“.

Градоначалникот порачува дека во описот на директорот на ЕСМ стои да гради хидроцентрални и да обезбедува електрична енергија, но за државата и народот, а не за себе.

Слични содржини