
Што ќе се случи ако турскиот претседател Реџеп Ердоган го прекине договорот со ЕУ за бегалците? Дали ќе се гледаме нов голем бегалски бран кон Европа? Не, барем не во такви димензии, како во 2014, сметаат германски политичари и објаснуваат – во текстот на Карин Бенш за “Дојче веле”.
Што би се случило ако Турција се повлече од договорот со ЕУ за бегалци? Ако престане да ги контролира границите со Сирија и Грција? И ако престане да ги прима назад мигрантите, кои влегле нелегално од Турција во Грција? Најверојатно тоа би создало нов бегалски бран кон Европа. Десетици илјади нови и нови мигранти би се упатиле кон грчките острови, но најверојатно тие би останале заглавени таму. Бидејќи механизмот за распределба на бегалците низ земјите на ЕУ едноставно не функционира.
Денес сè е различно
Според германскиот социјалдемократ и пратеник во Европскиот парламент Арне Лиц, кој во последните неколку месеци постојано ја посетува Турција, е сосема можно турскиот претседател да го прекине договорот со Европејците за бегалците. И покрај тоа, тој смета дека Европа не треба да прави никакви отстапки на Ердоган. Според него, не треба да ги затвориме очите за состојбата со човековите права во Турција од страв дека Ердоган ќе не стави под притисок со бегалците.
Но, дури и турскиот претседател да ги отвори граничните премини за мигрантите, тоа не значи автоматски дека настаните од 2014 година ќе се повторат. Бидејќи ситуацијата денес е многу различна: патот низ Западен Балкан – во т.н.. балкански пат – е затворен, Бугарија ја контролира границата со Турција многу повеќе сигурно; во Егејот НАТО ги бркаат посредниците, оние кои илегално ги пренесуваат мигрантите по море, а вработените на европската гранична агенција Фронтекс меѓувреме добија повеќе пари, персонал и опрема.
Германската европратенички од Зелените Барбара Лохбилер смета дека денес не би настапил толку голем хаос, како пред една година.
“Веќе имаме повеќе можности за прием и интеграција на бегалци”, вели таа. Лохбилер жали само што во изминатата година многу европски земји се заградуваат, а некои од нив дури и изградија нови ѕидови – како Унгарија, која издигна ограда на границата со Србија. Што сепак од своја страна значи дека во насока Западна Европа едноставно нема како да има неконтролиран бегалски поток, признава Лохбилер.
Што би загубил Ердоган
Односно, ако турскиот претседател еднострано го прекине договорот со ЕУ за бегалците, тоа сигурно нема да влијае на ЕУ толку силно – поради политиката на херметизам. Исклучок би претставувала само Грција. Сето тоа сепак значи дека Ердоган не би имал средство за вршење притисок. Значи стратешки потегот би било многу неповолн за него. Дури и само заради желбата за симнувањето на визите за Турците за влез во ЕУ. Но и поради шансите на Турција за членство во ЕУ, тие денес се минимални.
Кон ова треба да се додаде и економската зависност: сега Турција извезува огромен дел од своето производство во ЕУ, главно во Германија, Англија, Италија и Франција. 20 години меѓу ЕУ и Турција дејствува царинска унија. Покрај тоа европски концерни инвестираат милијарди евра во Турција, некои од нив имаат производство крај Босфор – MAN и Daimler-Chrysler произведуваат во Турција автобуси, а Bosch и Siemens – фрижидери и други кујнски апарати.
Точно е дека ние треба сериозно да земеме предупредувањето на Ердоган. Но сепак “треба да се реализира и на кого зборува тој”, вели Барбара Лохбилер. Бидејќи говорите на турскиот претседател за силна Турција, која целосно би била независна од ЕУ, се наменети не за Европа, а за неговите приврзаници во својата родна Турција.