„Ако иднината е во ваши раце, иднината е сигурна“, гласи една од пораките на третата „Парада на гордоста“

од Nikola Popovski
191 прегледи

Денеска во Скопје се одржува третата по ред „Парадата на гордоста“. Годинешниот слоган на „Skopje Pride“ гласи „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“.

Парадата почнува во 17 часот во паркот „Жена-борец“. Во моментов пред порта „Македонија“ има говор на неколку учесници, од каде се очекува да тргне протестниот марш по скопските улици, кој ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

-Јас сум тука за сите млади кои се уште трагаат по самите себе. Тука сме за сите што биле избркани од дома дека се геј или од работа затоа што се транс. Ние сме тука за да го реобликуваме во нормално тоа што многумина го мислат за ненормално, изјави една од говорничките на парадата.

Се испрати порака дека пукањето што се случи синоќа во геј барот во Осло е доказ дека омразата постои дури и во најдемократските земји во светот.

-Ако иднина е во ваши раце, иднината е сигурна. Не сте добри, одлични сте, борбата продолжува, беше соопштено на почетокот од маршот.

На улиците низ Скопје, но и по улиците каде што ќе се движи поворката забележани се бројни полициски екипи. Меѓу присутните на парадата има и владини министри.

Настанот е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Првиот „Skopje Pride“ се одржа во 2019 година, а по една година пауза поради ковид-пандемијата, втората парада се случи минатото лето.

Слични содржини