Ако има нови рестриктивни мерки ќе има дополнителна помош за најпогодените дејности, најави Бектеши

од Берта Китинска
128 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека доколку има нови рестритивни мерки и скратување на работата на некои дејности, тогаш ќе има дополнителна поддршка за нив, тој нагласи дека труристичко-угостителскиот сектор кој што е најпогоден од пандемијата доби и најголема поддршка преку владините мерки

-Ќе продолжи да се реализира мерката што се однесува до ваучерите за стимулирање на домашниот туризам имајќи предвид дека состојбата е непредвидлива до туристичката сезона и повлекувањето на странските туристи. Јавните повици за оваа мерка се подготвени и ќе се објават некаде кон почетокот на месец април, но тоа нема да биде единствената помош за туристичкиот сектор. Значи, се реализира целата програма за развој на туризмот во рамките на секторот за туризам во Министерството за економија. Доколку се случи и оваа летна сезона да биде изгубена поради пандемијата, токму за овој сектор ќе има и дополнителна помош, рече министерот Бектеши во интервјуто за Економски магазин на Алсат телевизија.

Слични содржини