Адвокатите на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поднеле документи до австралискиот суд кои, според локалните медиуми во саботата, укажуваат дека тенисерот број еден во светот се заразил со вирусот Ковид-19 минатиот декември – го добил првиот позитивен ПЦР тест, изјавија неговите адвокати, на 16 декември минатата година.
Се појавија и потенцијални докази за инфекција, бидејќи Новак беше на натпревар од кошаркарската Евролига на Црвена звезда и Барселона на 14 декември и беше фотографиран со МВП на натпреварот Најџел Хејс, кој беше позитивен на коронавирус на 15 декември.
Меѓутоа, во неговата родна Србија се случи нов пресврт кога датумите и ситуациите се поврзаа, особено ако Новак навистина бил заразен. Ден потоа, на 16 декември, Ѓоковиќ учествуваше на доделувањето на наградите за најдобри тенисери 2021 година во Белград, каде, како што може да се види на фотографиите, без маска и без дистанца, комуницираше и ги поздрави присутните во најнормален начин. На тоа доделување имаше и многу деца.
На социјалните мрежи на неговата „Фондација Новак Ѓоковиќ“ јасно и гласно беше истакнато дека Ѓоковиќ и неговите соработници на 16 декември одржаа трибина на тема „Улогата на авторитетот во креирањето на сопствен карактер и дисциплина“.
Yesterday, as part of our "Path of a Champion" program, we organized a panel discussion at Novak Tennis Center on the topic "The role and establishment of authority in the development of character and discipline."🌟💙
Watch the full video.👇 https://t.co/SWYFD0WgsG. pic.twitter.com/UWtk43BBgE
— Novak Djokovic Foundation (@novakfoundation) December 17, 2021