Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски информира дека просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92% од почетокот на 2025 година.
При тоа, првиот тарифен блок поскапува за 0,68%, вториот за 0,9%, третиот за 1,93%, четвртиот блок 2,24% и евтината тарифа за 0,9%.
Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое што има сметка во износ од 2300 денари, од 1 јануари ќе плаќа повисока сметка за струја за 21 денар.
Според Бислимоски, целта на регулаторот е да не предизвикува ценовни шокови.
-Цената за електрична енергија кај домаќинствата се состои од два дела – мрежарина и енергија. За првиот блок, цената за енергијата е 4,44 денари, за мрежарината за сите е 2,14 денари, односно вкупната цена на првиот блок е 6,5865 денари за киловат час, а претходно изнесувала 6,53. Цената на вториот блок е 7,71 денар, а претходно изнесувала 7,64 денари…., кажа претседателот на РКЕ.