„Ако излезете на протест, ќе останете без работа“

од Берта Китинска
458 прегледи

Пропадна протестот на КСС. Малку членови на КСС се појавија на закажаниот вчерашен протест. Лидерот на Конфедерацијата обвинува за притисоци.

-Имаме јавувања и дојави дека се прават огромни притисоци врз нашите членови, да не излегува на протести. Која е причината, сите ја знаеме. Доколку излезат на протести и бидат видени на камери, им се закануваат со губење на работно место, открија од КСС.

Конфедерацијата на слободни синдикати се реши да организира протести за да побара усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата од 18.000 денари.

Според најавите, протестите требаше да се одржуваат од денеска до петок во траење од 16 до 17 часот. Дали тоа ќе се случи или КСС ќе делува поинаку ќе се знае вечерва по состанокот во Синдикатот.

Слични содржини