Ако јас сум на црната листа на САД, веднаш ќе си поднесам оставка и ќе го сметам за најголем пораз, рече Ковачевски

од Nikola Popovski
360 прегледи

Јас да сум на црната листа на САД како човек кој што дел од своето образование го завршил таму, не што ќе си дадам оставка, туку и ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера, рече премиерот Димитар Ковачевски за црната листа на САД, на која се најде градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Премиерот информира не разговарал со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

-Ова потврди дека не можете да генерализирате дека не функционира цел еден систем или организација. Секоја институција е составена од поединци. Од основите за црна листа, институциите ќе лоцираат индивидувална одговорност кај други. Ако министер се најде на црна листа на нашиот најголем стратешки партнер, истиот тој министер ќе биде разрешен од моја страна. Сите индивидуални лица кои што се избрани од граѓаните, ќе мора да ги прашате нив. Мендух Тачи оди на избори и тој станал пратеник на гласање во 6-тата изборна единица. Морате да го прашате него за тој негов статус бидејќи тој со тоа што е ставен на црна листа, со тоа својство отишол на избори, кажа Ковачевски како одговор на новинарско прашање за лидерот на ДПА, кој од поодамна е на црната американска листа.

На листата на санкции на Одделот за финансии на САД, покрај Тачи се наоѓаат и Љубе Бошковски, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени. Американското министерство за финансии минатата година ја прошири црната листа, на која се најдоа и имињата на поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски и поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Слични содржини