Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе „многу повисоки“ тарифи за Европската унија (ЕУ) и Канада, доколку соработуваат во борбата против царините.
„Доколку Европската унија ги здружи силите со Канада за да им нанесе економска штета на Соединетите држави, ќе им бидат наметнати огромни царини, многу поголеми од тековно планираните, за да се заштити најдобриот пријател што секоја од овие две земји некогаш го имала“, објави Трамп на Truth Social.
Трамп вчера најави дека ќе воведе царина од 25 отсто за „сите автомобили што не се произведени во САД“, а тарифите ќе стапат на сила на 2 април.
Помошникот на Трамп во Белата куќа Вил Шарф објасни дека новите тарифи се однесуваат на „странските автомобили и лесни камиони“ и доаѓаат како дополнување на веќе воведените тарифи.