Aко Македонија не ја отвори границата над 15 000 бегалци тргнуваат кон Бугарија!

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Над 15 000 жени, мажи, деца и бебиња доаѓаат од Сирија, Ирак, Иран, Авганистан и дури Египет и се наоѓаат во грчкиот камп Идомени. На неколку декари површина, оградени со бодликава жица, е просторот во кој буквално е хаос и како да пеколот  да слегол  на земјата за барателите подобар живот .бег

Мали шатори, заглавени во  кал  во кои кои има по  4-5 лица деца ,  деца кои голи трчаат по дошдот зацапани во кал редици за храна , редици за облека и ќебиња – хаос во безизлезот

.”Тука е пекол, децата се мокри до кожа , голи и боси, нема услови за хогоена немаме чевли,  не се враќаме назад!

И она што полседно се шушка во кампот го возмзенирува сега соседот Бигарија. Межу бегалците се продава приказна дека има пат да се вратат назад во Турција и оттаму да се  тргне кон Бугарија. Тоа го зборуваат бегалците кои очиигчедно немаат друг излезидомени

Мигрантите и бегалците кои престојуваат во импровизираниот камп Идомени на грчко македонската граница мора да прифатат дека границата е затворена и да се преселат во организираните прифатилишта, изјави грчкиот министер за јавен ред и заштита на граѓаните Никос Дендијас. Тој додаде дека неговата земја може да обезбеди подобри услови за нивно сместување во други кампови, оддалечени на десетина километри од Идомени. Министерот Дендијас изјави дека на мигрантите ќе им бидат делени летки со пораката: „Нема надеж дека ќе го продолжите патот на север, затоа дојдете во камповите каде што ќе ви обезбедиме помош“.

Над 14 илјади мигранти и бегалци престојуваат во шатори во кампот кај Идомени. Во овој момент во Грција се заглавени над 36 илјади мигранти. Во МАкедонија пак од другата страна на жицата има заглавемно околу 1500 бегалци кои немале валидни документи да го продолжат патот по балканста рута која веќе е затворена.