Ако мажот го почувствува ОВА, бидете сигурни дека ќе се вљуби во вас

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

Кога мажот ќе ги почувствува овие работи, тој почнува да се приврзува. Еве за што станува збор.

Длабока поврзаност

Верувале или не, мажите навистина се грижат за длабоката поврзаност со жената која им значи. Секој маж има своја ранлива страна, која на другите им ја покажува само во моменти на најголема можна блискост, затоа обидете се да му дадете чувство на сигурност на партнерот. Бидете тука за вашиот маж, имајте време да ги слушате неговите проблеми, планови, тајни. Дозволете му да ги сподели со вас неговите чувства, и убави и оние што му долеваат солзи. Ранливоста раѓа доверба, а довербата раѓа врска што е клучот за секоја квалитетна врска.

Го прифаќате таков каков што е

Не го вознемирувате со непотребни прашања, не ги осудувате неговите постапки, не го критикувате неговото однесување. Кој не би ве посакал? Ова, се разбира, не значи дека мажот очекува да бидете (само) убави и да ќутите, туку да знае кои се работите што заслужуваат вистинска драма, а кои сериозни дискусии. Дали би сакале да имате покрај вас хистерична и премногу тешка личност на која ништо не е доволно добро? Ние веруваме дека одговорот е не.

Верувајте во него

Сите повремено стравуваме дека ќе погрешиме нешто, дека нема да се претставиме доволно добро во новата работа, дека нема да завршиме некои обврски на време, дека ќе се откажеме пред да исполниме цел и слично. Затоа факторот на верба е многу важен кога станува збор за партнерство. Никој не сака да чувствува дека изневерил нечии очекувања или дека не е доволно добар за нечии стандарди. Верувајте во вашиот маж, и барајте го истото од него!

Слични содржини