Ако мислите дека сме врв на цивилизацијата… сепак пирамидите се градени со “плата и топол оброк”

од desk3
88 прегледи

Египетските пирамиди секогаш буделе љубопитност со својата загадoчност – од начинот на изградба до нивната намена. Научниците бараат секакви начини преку кои ќе го објаснат сето тоа, а секоја која ја откритие, како и некои информации кои тие ги даваат, е погодок.

Неодамна археолозите стигнаа до исклучително интересно откритие – дневникот на еден градежник, а египетскиот музеј во Каиро ја отвори изложбате на најстарите папируси во земјата, кои датираат од 4500 години наназад, со детален опис на секојдневниот живот на градителите на пирамидите.

0416915001449234050_551111_600x458
Елементите се од 4-та династија на цар Хуфу, исто така позната како Кеопс, за кого била изградена Големата пирамида во Гиза, како гроб. Тие го откриваат секојдневниот живот на пристанишните работници кои ги транспортираат огромните варовни блокови до Каиро за време на владеењето на цар Хуфу, за да ја изградат Големата пирамида, наменета за неговото погребение, пишува Daily mail.
Египетскиот министер за антиквитетите Калед Ел Анан за време на отворањето на изложбата вели дека папирусите биле откриени во 2013 година од египетско-француска мисија во пештери во близина на пристаништето Вади ел Џарф. (Античкото пристаниште се наоѓа на 119 км (74 милји) од градот Суец.)

Стратфор: Репресијата на Ердоган ќе ги ослабне турските вооружени сили

Ел Анан вели дека пронајдените предмети се најстарите папируси во Египет. Шефот на музејот во Египет, Тарек Тауфик, вели дека папирусите го опишуваат секојдневниот живот на работниците кои пренесуваат градежен материјал од пристаниште на Црвеното Море до Гиза. “Еден од документите е дневник на државниот службеник Мерер (во превод – возљубен), кој содржи статистика и административни детали на неговата работа”, вели Саиед Махфуз, ко-раководител на откритието во 2013 година .
“Меѓу документите исто така има листа на приходи пренесени од различни египетски провинции, потребни за исхраната на градежниците и за платите “, вели Мaхфуз.

“Приходите се означени со црвена боја, а она што се плаќа на работниците – е во црно”, додава тој.
“Папирусот ја покажаа високата ефикасност на административниот систем за време на владеењето на Хуфу.
” Вработен на Министерството вели дека папирусот даваат информации за административната власт и централизираниот карактер на државата во времето на Кеоп. “Еден од најстарите папируси е на висок претставник на име Мар, кој е игра важна улога во изградбата на пирамидата и опфаќа 3-месечен период од неговата работа, обезбедувајќи информации за обврските – вклучувајќи и транспортот на камените блокови во реката Нил до нејзините канали “, изјави г-дин Абдел.
Други папируси даваат информации за распределбата на хранливите порции на работниците, вклучувајќи и бројот на овците кои биле изедени. Според Ел-Анан, откритието покажува дека во Египет има антички богатства, кои се уште не се откриени.