Маја Морачанин и ДОМ ја поддржуваат владината реконструкција и ќе гласаат за уставните измени зашто се поврзани со евроинтегративните процеси. Претседателката на владеачката партија порача дека евроинтеграцискиот процес е независно прашање.
-Нема никаква дилема. Јас можам да бидам и во опозиција..ако овие наши барања не се реализираат и повторно стагнира целиот процес, јасно е дека ДОМ ќе оди во опозиција, рече таа во емисијата „Аргумент плус“.
ЦО на ДОМ пред два дена донесе одлука партијата да ја поддржи предложената реконструкција на Владата, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси. Услов за подршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да обезбедат спроведување на следните програмски приоритети на ДОМ:
-Да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекниот имот заради ефикасна борба против корупцијата;
-Да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите
-Да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност.