Објавувањето на случајот за злоупотребата на 12 годишно девојче од педофил, особено што лично за ќерката напиша мајката,дигна голема фама за тоа колку (не)треба да се пишува и известува, и дали требаше така тоа да се соопшти ?

Но споделлувањето на проблемот со јавноста, секако предизвика јавна дебата и дури и да беше само емотивна реакција, селак ја постигна целта да се покрене јавното мислење за постоењето на овој проблем во општеството. Отворено заборување за проблемите секогаш е подобро отколку криење и премолчување на истите велат експертите, освен што е многу важно начинот на кој се соопштува.
.Петрушевкса по жестоката дебата и обвинувања стрпливо си напиша на фејсбук
И за жал само неколку денови подоцна, во медиумите се појави информација за друго дете, врз кое постои сомненине дека е извршен полов напад Токму од ова е причината сега Весна повторно распали на Фејсбук и тоа со причина, истакнувајќи го следното:
„Ако не па пак да си помолчиме !Уште едно дете, и дури следниот ден кажало милото дете, оти нели жртвата е виновна….ужас !
СВР Велес денес поднесе кривична пријава против Е.З. (19) од село Мелница, Велешко, поради сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете.
Според податоците коишто ги соопшти МВР, Е.З. на 27-ми овој месец околу 19 часот. во селото го пресретнал 10-годишното дете коешто се враќало од локалната продавница, а потоа го кренал во раце и го однел подалеку од домот каде што го силувал. Детето после немилиот настан заминало дома, но од срам не кажало никому ништо, додека пријавениот побегнал од местото на настанот.
Следниот ден мајката на детето забележала дека тоа е изнемоштено и дека не може да се движи после што детето раскажало за немилиот настан.
Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ “Општа болница” Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесно на преглед во Судска медицина – Скопје .
Пријавеното лице е приведено вчера во 06.30 часот.“