Ако не си со Груевски мораш да бидеш на улица- Самите мора да се избориме за слободата

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Оваа криза не може да има правна разрешница ниту пак може да се дојде до некаков компромис во Брисел. Креатор на кризата е Никола Груевски и луѓето околу него и мора да дојде до оставки, изјави и поранешниот претседател на Македонија и екс лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.Црвенковски.

IMG_0146

 

Поранешниот лидер на СДСМ,  во вечерното интервју за Тв ТЕЛМА ,оцени дека во јавноста постоеле заблуди за начинот на кој ќе се разреши кризата. Првата заблуда ја лоцираше во верувањето дека по објавувањето на првите бомби од страна на СДСМ, луѓето од власта ќе се засрамат и самите ќе си заминат.

Втората заблуда е во верувањето дека кризата ќе се разреши со инволвирање на странците.

Зошто некој од надвор би ги решавал нашите проблеми, запраша Црвенковски.

Тие може да помогнат, но слободата никој не може да ти ја подари. Или како народ ќе покажеме дека имаме капацитет да се избориме за својата слобода или ова ќе го трпиме. Не може некој во Брисел или Вашингтон повеќе да се грижи за нашата држава, изјави Црвенковски во интервјуто за Топ Тема.

Најдобронамерен совет кон лидерството на опозицијата е да не ги подигаат високо очекувањата, бидејќи ако не се реализираат вратени сме неколку чекори назад во процесот.

Во однос на референдумот за ГТЦ, Црвенковски рече дека резултатот од гласањето власта го искористила како доказ дека бомбите немаат никаков ефект и дека граѓаните на Центар го подржуваат Скопје 2014.

Оваа битка нема да се добие со еден потез. Не треба да се создава впечаток дека по протестот на 17 мај нешто  ќе се смени. Не чека тешка битка. Таа ќе трае. Носителите на власта нема да ги напуштат своите позиции толку лесно и подготвени се да преземат големи ризици.

Само со мирни, но масовни протести, со граѓанска непослушност со протестни маршови ќе замине власта.

Една од клучните работи е да го придобиете на своја страна вториот, третиот ешалон на власта, изјави Црвенковски.

branko4

 

Со фактот што Груевски ги заштитил и застанал зад сите овие луѓе можеме да заклучиме дека самиот нарачател и оној кој дозволил тоа да се случува е самиот Груевски рече Црвенковски

– Кога Груевски излезе на прес конференција соопшти дека прислушувањето го вршела странска служба и дека им ги дала материјалите на Зоран Заев со цел да се врши уцена на владата за добивање техничка влада. Самите претставници на власта престанаа да говорат дека странска служба вршела прислушување, туку дека странска служба нарачала прислушувала тука. Факт е дека прислушувањето е правено со опрема на УБК. Не верувам дека некој може туку-така да влезе во УБК и нејзината опрема да ја искористи за прислушување на граѓани. Кога би било така би било трагично, бидејќи институциите кои треба да не штитат од странски служби, не го прават тоа. Кој треба да ја понесе одговорноста ако хипотетички некој ја злоупотребил опремата? Повторно МВР и УБК. Неминовно, мора да дојде до политичка одговорност и оставки на тие луѓе во МВР, УБК, Петта управа – рече тој.

Црвенковски верува дела прислушувањето е од страна на власта, дека власта е фатена на дело и дека една работа е кој го вршел прислушувањето, а побитно е дека од содржината можеме да заклучиме дека постојат факти и индиции за тешки криминални дела, за злоупотреба на изборите…

– Со фактот што Груевски ги заштитил и застанал зад сите овие луѓе можеме да заклучиме дека самиот нарачател и оној кој дозволил тоа да се случува е самиот Груевски. Тоа изгледа нелогично ако зборуваме за логична власт. Но овие се скарани со логиката – рече Црвенковски.

Во однос на поделбите во СДСМ, Црвенковски оцени дека клучното прашање во однос на кое се појавиле поделби во најголемата опозициона партија е во однос на дилемата дали да се практикува политика на отпор или да се продолжи со конструктивната политика.

IMG_0153

Сега веќе сите се на страната на политиката на отпор и целата партија мора да се обедини. Вистинскиот лидер не мора секогаш да биде најпаметниот туку оној кој ќе успее да ги обедини сите, изјави Црвенковски.

Секој да се чувствува дека е дел од тимот и дека придонесува.

Тоа е предуслов за успех на партијата. Секој да знае дека има правични критериуми во напредувањето. Посакувам раководството на СДСМ да ја искористи можноста за целосно обединување на СДСМ, да иницираат широко граѓанско движење, да се надминат себе си дека ако биде срушен режимот на Груевски, СДСМ доаѓа на власт. Не. СДСМ ќе дојде на власт, но опозицијата мора да го организира просторот, затоа што секако има и луѓе кои не се за СДСМ а се против власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се сложени задачи. Не знам во која кондиција е опозицијата,  но поинаку не може оцени Црвенковски.