„Ако не сте вакцинирани, не можете да се дружите со Џенифер Анистон“

од Nikola Popovski

Актерката Џенифер Анистон неодамна призна дека престанала да се дружи со неколку луѓе што ги гледала секоја недела, поради нивниот став кон вакцинацијата против коронавирус.

„Се уште има голема група луѓе кои се антиваксери или едноставно не ги слушаат фактите. Навистина е срамота“, рекла таа за „InStyle“.

„Само го прекинав контактот со неколку луѓе што ги гледав еднаш неделно, бидејќи тие одбиваа да се вакцинираат или не ми кажаа дали се вакцинирани“, додаде таа.

Актерката тврди дека секој има право на свое мислење, но дека многу мислења се базираат на страв или пропаганда.

„Сметам дека е наша морална и професионална обврска да ги информираме другите луѓе ако сме се заштитиле од коронавирусот, бидејќи не можеме сите да се тестираме секој ден. Затоа мислам дека се ослободив од неколку пријатели со причина“, рече Анистон.

Од почетокот на пандемијата, Џенифер се залагаше да се држи растојание и да се носи маски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Слични содржини