Ако нема избори, целосна блокада на државата, најави Мицкоски

од Vladimir Zorba
212 прегледи

„Активна блокада. Активната блокада во Собранието го даде посакуваниот ефект. Воедно сакам да предупредам доколку нема договор за предвремени избори ова лето потоа ќе преминеме во фаза на целосна блокада. Таа целосна блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот во распаѓање. На тој начин нема да легитимираме систем кој е диво месо и затруен од криминал и неспособност“, соопшти вчера на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

„Нема време за чекање затоа што кризата ќе биде уште поголема и уште пофатална. Најтешката зима следи, а со оваа влада ќе биде вистинско економско цунами за народот. Дали сево ова ќе има штети, некој ќе праша? Одговорот е најголемата штета сега ја плаќаме, а нашата блокада ќе биде за спас од таа штета“, истакна Мицкоски.