Ако нема пакет кризни мерки, голем дел од компаниите ќе затворат, предупреди Азески

од Nikola Popovski
198 прегледи

Првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески алармираше дека ако до денеска или во најбрз рок нема пакет мерки, голем дел од компаниите ќе затворат.

-Понатамошното ескалирање на енергетската криза сигурно ќе има негативен ефект врз 20% од компаниите, кои што и онака заради други причини не можат да ги пребродат работите. Ние сме сконцентрирани токму на нив, на ранливите категории во бизнисот и ги помагаме максимално да опстанат, рече Азески после завршувањето на владиниот Економски совет во проширен состав, на која околу три часа се разговараше за енергетската криза и мерките, кои Владата би требало да ги преземе за да се ублажи ценовниот удар.

Според него, на бизнисот треба да му се каже реалната ситуација и да се промени методологијата на поддршка.

-Тоа значи да се биде сега и веднаш. Тоа нас не чини, бизнисот е менлива категорија и зависи од берзите од многу елементи, истакна Азески.

Слични содржини