Ако ОЛАФ открие малверзации во трошењето на европските пари, ЕУ ќе ги проследи случаите до ОЈО

од Nikola Popovski
274 прегледи

Ако истрагите на Европската служба против измами – ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави денеска во Битола, евроамбасадорот Дејвид Гир одговарајќи на новинарско прашање.

Шефот на ЕУ делегацијата во земјава потврди дека Европската служба против измами (ОЛАФ) со седиште во Брисел подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.

Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Северна Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ.  Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги, потенцирал Гир.

Според податоците на ОЛАФ, од 36 истраги покренати за земјите-кориснички на фондовите на ЕУ од Западен Балкан, 18 од нив се однесуваат на Македонија. Од започнатите истраги, ОЛАФ доставила седум препораки до европските институции и македонските власти.

Слични содржини