Ако ова беа парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 пратеници, а ние би имале најмалку 21 – велат од СДСМ

СДСМ со свои проценки: „Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција кој јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 а пратеници а СДСМ би имал најмалку 21“

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: СДСМ

По ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се огласи со тоа колку пратеници би освоиле доколку во неделата се гласаше за парламентарни, а не за локални избори. Од партијата на Венко Филипче велат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот и како што тврдат, бројките се јасни и немилосрдни кон нив.

-Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција кој јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 а пратеници а СДСМ би имал најмалку 21.

Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот кој го доживеаа и падот од преку 140.000 гласа кој е јасен сигнал дека нивните лаги и погрешни политики се прочитани. СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ, докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг јасно докажаа дека имаат што да понудат, стои во соопштението на СДСМ.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека кога утре би имало парламентарни избори, по Донтовиот модел, со овие гласови, тие би имале над 60 пратеници, а СДСМ во некои изборни единици би бил трета партија. Тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласа повеќе од 2021 година, додека СДСМ изгубила 111.000 гласа.

Ако утре би биле парламентарните избори, би освоиле над 60 пратеници – велат од ВМРО ДПМНЕ