Излегува дека има “средна возраст” за неверството.
Студија објавена во “Индипендент” покажува дека луѓето се “најсклони кон прељуба, кога нивната возраст завршува со број девет (на пример 19, 29, 39, 49).
Податоците се пресметани на база на набљудување на еден од најголемите дејт сајтови во Велика Британија, во кој има над 1 милион регистрирани корисници.

Аналитичарите го истражувале однесувањето на возрасните, регистрирани во предметниот сајт и нивното однесување во годините , кога завршуваат на 9.
“Најопасната возраст” за неверство сепак е 39.
Ова се поврзува со емоционалното доаѓање на “крајот на ерата”, кога луѓето размислуваат за она што имале до моментот за работите кои не им се случиле и она што го очекуваат:
“Нашето истражување покажува уште нешто – дека некои луѓе мамат, за да го привлечат вниманието на партнерот”, категорични се авторите на студијата.
И даваат пример – ако партнерот е работохолик, неверството е начин на партнерот да му каже:
“Еј, ако ме сакаш, обрати ми внимание”!
За неверството сепак има уште една причина која нема врска со овој партнер. Психолозите тврдат дека понекогаш човек мамиедноставно затоа е мамен во минатото, или нема доверба на сегашниот партнер. А со изневерување се обидува “да му врати”