Ако победам на изборите ќе ги изберам за советници противкандидатките Арсовска и Петровска, вели Перо Камиказа

од Берта Китинска
676 прегледи

Музичарот Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, вели дека во Шилегов и Арсовска и Петровска гледа конкуренција, на претстјната битка за Градот Скопје.

– Прво ми е особена чест што учествувам во кампања во која има две извонредни дами. Се надевам на извонредна соработка и на извонреден маратон. Се до крајот се надевам дека јас, во некој 100ти дел од секундата ќе влезам прв во целта и ќе победам на крајот, но се надевам на една искрена и сестрана поддршка и да бидам искрен дека доколку добијам јас на овие избори, за совентици или за луѓе кои би работеле со мене би ги избрал токму овие две дами за да можеме заедно да го направиме градот поубав, секој на свој начин и секој во својата бранша, кажа Георгиевски во Тема на денот во Дневникот на Сител.

Басистот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, официјално доби поддршка од Левица и тој ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори.