Ако постојано ги искусувате овие 5 ситуации на работа, тоа значи дека сте „жртва на психичко насилство“

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Злоупотребата или психичко насилство на работното место е многу честа, иако вработените не се секогаш свесни за тоа. Покрај тоа, кога ќе влезат во „маѓепсаниот круг“, тешко е да се забележи дека некој манипулира со нив.

Како да препознаете дека ви се случува ваков вид малтретирање? Експертите укажуваат на овие 5 знаци, но некои работници, дури и кога ќе ги увидат, не ја напуштаат работата. Тие велат дека „од нешто мора да живеат“.

1. Канцеларијата не е и не треба да биде место каде што шефот или колегите се лути, ви викаат или се агресивни на кој било начин. Не постои ваква грешка или задача што не сте ја завршиле, а кои можат да го „оправдаат“ таквото однесување.

2. Ако она што го доживувате на работа прави да се чувствувате како да полудувате – тоа е уште еден од овие 5 знаци дека нешто не е во ред во таа атмосфера. Слично на тоа, никој на работното место не треба да ви кажува дека сте „емоционално нестабилни“.

3. Потценување од каков било вид е еден од овие знаци, што треба да го забележите навремено.

4. Игнорирањето, исмејувањето е секако нешто на што треба да се обрне внимание, особено ако тоа се случи кога се присутни колеги, клиенти, соработници. Конструктивната критика е добра, но станува таква само ако е пренесена на вистински начин.

5. Дали често ви се случува шефот да употребува фрази, „празни зборови“, но никогаш да не каже конкретно каде грешите или што не е во ред? Веројатно затоа што ни тој самиот не знае. Тоа прави постојано да се чувствувате лошо, демотивирано, инфериорно, а во исто време не знаете како да го решите „проблемот“.

Слични содржини