Ако притисне, Македонија ќе ја затвори границата со Грција- нема место за наивност!

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Нехумана и спротивна на сите Конвенции за човекови права ќе биде одлуката на Владата доколку се затвори македонско – грчката граница, сметаат дел од невладините организации по најавите дека ваква мерка е на повидок. Граничните власти велат веќе ја тестираат оваа мерка со која стравуваат дека им се олеснува на криумчарите.По написите на Фајненшал тајмс дека е можно затварање на македонско – грчката граница, од Владата велат дека доколку се засили притисокот на земјите на ЕУ земјава ќе одговори на мерките кои ќе бидат усвоени   полиц ск

Не посакуваме да затвораме граници, но ако притисокот северно од нас продолжи да расте тогаш ќе сториме се што е неопходно на нашата јужна граница и тоа како дел од координираниот одговор на меѓународната заедница на бегалската криза.

“Се очекува, а и сите се подготвуваат за уште поголема бегалска бран при помали можности за прием во земјите кои се крајна дестинација. Постојат сериозни грижи околу последиците од оваа ситуација. Македонско-грчката граница е една од границите, каде притисокот може да биде најголем. И поради оваа причина таа се споменува најчесто кај побарувачката на решение. Тука се сечат и различните мислења по ова прашање. Ние категорично докажавме дека имаме капацитет да донесуваме навремени одлуки и да ги применуваме. И останатите сфатија дека имаме капацитет да одговориме на овие предизвици. Ние не дозволивме и нема да дозволиме да бидеме изненадени. одржуваме постојана комуникација со министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, кои се повеќето засегнати од овој проблем. Добиваме се поголема поддршка, која се зголемува секој ден. Прашањето не е дали, туку кога ќе се создадат резервни гранични линии. ЕУ има интерес Шенген да не биде целосно уништен и тие да се подалеку од центарот на Европа. Нашата цел е да одржуваме хуманоста, но во исто време да не се претвориме во заедничка жртва. Нема место за никаква манифестација на наивност. Македонскиот и европскиот интерес совпаѓаат на нашиот јужен граница “, истакна за Плусинфо  македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски
a8(12)Британскиот Фајненшал Тајмс вчера објави дека лидерите на ЕУ разгледуваат „драстичен план за запирање на навалата имигранти преку Балканот“.

Европската комисија и клучно заинтересираната Германија се подготвени да го поддржат предлогот на Словенија за ситуацијата да доживее целосен пресврт, така што ќе и се помогне на Владата во Скопје да ја затвори границата со Грција и на тој начин да спречи неконтролиран прилив на мигранти. Токму за ова се наведува дека утре ќе стане збор на состанокот на министрите за внатрешни работи во Амстердам. Словенечкиот предлог го поддржа и унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е во посета на Словенија.

Според последните информации од МВР во последните 24 часа биле издадени 1.200 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, со што бројката од почетокот на годината до сега достигна до речиси 40 илјади.