Денот на благодарноста во Канада падна на 12 октомври оваа година, што предизвика нов бран случаи на коронавирус, хоспитализации и смртни случаи поради собирањата.
Сега властите предупредуваат дека здравствениот систем не може да поднесе повторно да го стори тоа за Божиќ.
– Намалувањето на контактите и намалувањето на собирите ќе биде најважно. А, она што го правиме во наредните денови и недели ќе одреди што ќе правиме на Божиќ – апелираше премиерот Џастин Трудо на прес-конференција во петокот, пренесува Си-Ен-Ен.
Обичното дружење е клучен извор на ширење на инфекцијата во скоро сите делови на Канада, рече Тереза Там, главен службеник за јавно здравје во Канада.
„Неформалните социјални собири и активности внатре и надвор од нашите домови продолжуваат да бидат важен двигател на оваа зголемена активност на болеста“, рече Там.
Там предупреди дека бројот на нови дневни случаи може да се зголеми двојно за само неколку недели, ако Канаѓаните не ги сфатат сериозно здравствените мерки.