За да обезбедиме доволно енергија во текот на денот, наутро посегнуваме по храна која се смета за здрава.
Сепак, има огромна разлика помеѓу појадокот што сами го подготвуваме дома и готовите оброци кои брзо ги подигнуваме во продавницата од витрината на која пишува „здрава храна“.
Општо се верува дека најздравиот почеток на денот е со свежо смути или гранола.
Проверете зошто ова понекогаш е далеку од вистината!
1. Смути од продавница
Веројатно најмалку калорично од сето она што ќе го наведеме, смутито во последните години стана симбол на здрав појадок.
Смути подготвено дома од свежи состојки и без адитиви може да биде вистинска ризница на витамини, минерали и влакна, но готовите пијалоци купени во продавници и барови најверојатно содржат полномасно млеко и поголеми количини на шеќер.
2. Готови слатки пити, колачиња и сродни десерти
Оваа храна е богата со масти, калории и шеќер. Слично е и со слатките колачи. Како готовите пити, слатките колачи се полни со рафинирани јаглехидрати и калории.
Едно слатко пециво може да содржи 500 калории. Крофна или кифла содржи помеѓу 300 и 500 калории, а содржи и масти како масло и путер и во просек 40 грама шеќер по порција.
3. Житарици кои содржат шеќер
Тоа ви заштедува драгоцено време, но во исто време нема да го поштеди вашето тело од нездрави хемикалии. Купените житарки речиси и да не содржат влакна и витамини.
Единственото нешто што дефинитивно ќе го добиете со нивното консумирање е голема количина шеќер.
4. Мешавини од јаткасти плодови и сушено овошје
Тие содржат јаткасти плодови како лешници, бадеми, индиски ореви и сушено овошје кои се полни со сол, шеќер и калории.
Конзумирајте ги само ако редовно вежбате.
5. Гранола од продавницa
Гранолата што ја купувате во продавниците содржи големи количини на непотребни висококалорични состојки и шеќер. Помала порција гранола содржи 400 калории и 10 грама масти.
Бидејќи содржи големи количини шеќер и мед и масти, гранолата може да се смета за десерт, а не за урамнотежен оброк.
6. Бурито
Многу практично и лесно за подготовка буритото е готово за само неколку минути.
Сепак, треба да знаете дека содржи големи количини на сирење и масти и други транс масти – од кои сите се состојки карактеристични за високо преработената храна.
Хранливата вредност на готовите бурита не е она што го претставуваат рестораните за брза храна.
7. Палачинки и вафли
Евтини и лесни за подготовка, палачинките и вафлите се вообичаен избор за семеен појадок.
Сепак, внимавајте тоа се едноставни јаглехидрати кои нема да ве држат сити долго време и за неколку часа ќе почувствувате глад.
Тие предизвикуваат и нагли промени во нивото на шеќер во телото.