Ако сакав да избегнам тензии, ќе се вработев во пошта, вели Сари по двата пораза на Јувентус

од Vladimir Zorba

Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, не е загрижен за критиките кон него по два последователни порази на гости. „Бјанконерите“ отстапија како гости на Наполи, а потоа доживеаја пораз и во Верона, со што му дозволија на Интер да се изедначи со нив по бројот на поени во Серија „А“.

„Ако сакав да избегнам тензии, ќе се вработев во пошта. Ние сè уште ги имаме сите шанси да ги исполниме поставените цели за тимот, кои што ги поставивме на почетокот на сезоната. Секако дека има грешки во натпреварите и треба да се направат корекции“, прокоментира Сари пред полуфиналето на Купот на Италија против Милан утре.

Тренерот ја опиша својата средба со претседателот на клубот Андреа Ањели како „рутинска“ по поразот од Верона 1:2.

„Се договоривме да вечераме после натпреварот со Фиорентина, но тогаш јас бев во Коверчано, а претседателот имаше други обврски. Затоа состанокот го одложивме за подоцнежен датум. Имавме нормална вечера како што беше планирано, ништо необично“, прокоментира Сари.

Слични содржини