Пишувањето на дневник ќе ви го олесни разводот и ќе ви помогне да тргнете напред. Ова го тврдат истражувачите од Универзитетот во Аризона. Тие докажале дека со пишувањето на дневник по разводот, може да ви се подобри здравјето и да ви се зголеми способноста за прилагодување на новите животни ситуации. 
“Пишувањето на дневник може да им помогне на луѓето да стекнат разбирање за своето лошо искуство, па да тргнат напред, наместо постојано да преживуваат се од почеток”, вели истражувачот Kyle Bourassa од Аризона.
Испитувањата ги вршел врз 109 луѓе кои во изминатите 3 месеци поминале низ развод.
“Приказните на луѓето можат да им дадат нови видици во целата ситуација и на тој начин да им помогнат да се носат со новите животни ситуации”, вели Kyle Bourassa .