
Комисијата што ја надгледува американската претседателска дебата објави дека ќе ги промени правилата, така што следните две дебати меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден ќе поминат подобро од првата, пренесува Би-Би-Си.
Една од мерките би можела да биде исклучување на микрофоните доколку кандидатите се обидат да се прекинат меѓусебно, пренесоа американските медиуми.
Соопштението дојде по жестока дебата која прерасна во расправија и навредување.
Следната дебата е закажана за 15 октомври во Мајами, Флорида.
Тонот и тактиката на првата претседателска дебата беа критикувани низ САД и во светот. Во расправијата доминираа коментарите на Трамп за ултрадесничарската група „Горди момчиња“.
Тој се обиде да ги разјасни своите коментари во средата, но неговите критичари сепак сметаат дека тој не ги осудува белите супрематисти.
Комисијата за претседателски дебати објави дека „стана јасно дека на преостанатите дебати им треба дополнителна структура за да се обезбеди подобра дискусија за прашањата“.
Првата претседателска дебата на овие избори се одржа во средата на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв во Кливленд, Охајо и беше – нема подобар опис – тотален хаос.