Отворен Балкан се покажа како неопходен. Сме и ќе бидеме во итнензивна регионална соработка, кажа премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан”.
-Ние сме веројатно единствениот регион во светот, особено во Европа кој што има граници меѓу себе. Никако не можев да разберам во минатите години кога претставници на држави кој меѓу себе немаат граници доаѓаат и ни финансираат проекти за унапредување на граничното управување, кажа премиерот.
Ковачевски нагласи дека со соработка земјите од Отворен Балкан же можат да се справат со глобалната енергетска и кризата со храна.
-Договорите кои се потпишани ќе се овозможат полесно да се надмине кризата во земјите учеснички во иницијативата, рече Ковачевски, додавајжи дека иницијативата е европска, и се базира на политиката на отворени врати.
-Ако сме добри за нас, ќе бидеме добри и за Европа и светот, нагласи премиерот Ковачевски.