Ако сте го смениле Уставот – тоа не е црвена линија, вели Сиљановска за предлог-резолуцијата на СДСМ

Сиљановска: Jас не сум за нови „црвени линии“ туку за договор дома

од Nikola Popovski
26 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека не е за нови „црвени линии“ туку за договор дома. Според неа, ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат. Ова е нејзиниот коментар на предлог-резолуцијата што ја претстави лидерот на СДСМ Венко Филипче за европските интеграции со „црвени линии“.

„Веќе нема „црвени линии“, линиите се веќе прегазени или избришани со гума. Она што требаше ние да го сториме, бидејќи ова не е веќе некој нов предлог – пред него имало неколку декларации, една од нив направена и со помош на МАНУ. Очекував и се израдував, ама за многу кусо време дека ќе седнат лидерите на партиите, седнаа, ги закопаа секирите, и јас мислев тоа е оној моментумот политички кога ќе одат заедно во Брисел и ќе речат: Видете, ние веќе не знам колку пати посегнавме по уставни измени, резултат нема, очигледно не е тоа решението. Уставот се менува, но политиката на соседите кон нас останува иста“, додава претседателката.

Смета дека треба и „ние малку да бидеме по моделот на бугарските или грчките политичари“.

„Не мора да го менуваме Уставот, ама да седнеме и да изградиме платформа на преговори. И да не одиме никаде надвор и со никого да не разговараме пред да повикуваме на тоа. Што мислиме заедно дека е можно, а што мислиме дека е неможно. И како да тргнаа работите, одеднаш ја видов посетата на лидерот на СДСМ на Брисел и тој рече дека е спремен да го жртвува својот мандат само да сме исчекореле. Ако имате еден чекор – уставна измени и потоа пречка, ништо не сте сториле, само сте го смениле Уставот – тоа не е црвена линија. Јас не сум за линии, јас сум за договор дома“, рече Силјановска Давкова во интервју за Тв Сител.