Ако струјата поскапи, тоа ќе биде до три проценти

од Nikola Popovski
32 прегледи

Не се очекува зголемување на цената на струјата, но доколку дојде до тоа зголемувањето би било од еден до три проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ваквите очекувања, Мицкоски ги темели на постепената консолидација на ЕСМ што е направена во изминатите четири-пет месеци, состојбата со количините јаглен, набавката на природниот гас.

-Седум години го ограбуваа ЕСМ и сега ние за 4 месеци го консолидиравме за да не дојде до зголемување на цената. Од компанија која во 2017 година имаше 1,5 милијарди денари депозити во банки и околу 300 милиони, ја уништија и ја направија загубар без око да им трепне. Но наскоро ќе се слушне за тоа. На депонија има околу 250.000 тони јаглен, договорени се половина милион тони по ниска цена, а имаме откриено и ново парче руда. Кога ќе ги подготвиме овие работи доаѓаме до тоа дека нема да има зголемување на цената на струјата за 10, 15, 20% како што е во регионот, туку можеме да очкуваме зголемување од 2 до 3%, рече Мицкоски.

Премиерот очекува ЕСМ да биде целосно консолидирана на крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година. Во петок се очекува ЕСМ да ја достави својата понуда до универзалниот снабдувач по што треба да биде донесена одлука за цената на електричната енергија.

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски пред неколку дена истакна дека рано е да се зборува колкава ќе биде цената на струјата по 1 јануари 2025. Сепак најави дека дека нема да биде проблематично за домаќинствата.

-Тендерите се уште не се завршени, некои од нив не се ни започнати, па во овој момент би било погрешно да се шпекулира кои ќе бидат тоа беа цените, но не верувам дека ќе има некаква проблематична одлука што ќе влијае на буџетот на семејствата.

Крајната цена на струјата, објасни Бислимоски, најмногу ќе зависи од понудата што државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ ќе ја понуди на „ЕВН хоум“.

Сметките за струја на граѓаните сега се поделени во четири тарифи. Тие што трошат повеќе, плаќаат повеќе.

Слични содржини