Сопружниците Џон Леџенд и Кристи Тиген, Брус Спрингстин и Тои Ли – се само некои од ѕeвездите кои изјавија дека би размислиле да ги напуштат САД доколку Доналд Трамп освои втор мандат на претседателските избори во 2020 година. Сите се надеваат дека ќе победи демократот Џо Бајден и ќе го преземе водството.
Остриот критичар на Трамп, пејачот Џон Леџенд, вели дека сериозно ќе размисли да го пресели своето семејство во странство, доколку Трамп остане на власт уште четири години.
– Размислувам за тоа секои сега и тогаш … Ние сме родени и израснати тука, нашите семејства се тука и би ни било тешко да заминеме, но се плашам дека со лидер кој се обидува да ја уништи демократијата, немаме други опции. Ние сакаме да живееме во земја во која се почитуваат законите и човековите права, и ако Америка не стане такво место, луѓето ќе мора да почнат да размислуваат да одат на друго место. Тоа е навистина вознемирувачко и загрижувачко – рекоа музичарот и сопруг на манекенката Криси Тиген.
Таа објави на Твитер: „Ако (Трамп) победи, веројатно сите ќе умреме или ќе станеме слуги и слугинки.“ Со нив се согласува и рокерот Томи Ли, основачот и тапанар на групата Мотли Кру.
– Човече, се колнам во Бога, ако победи Трамп, одам во Велика Британија и не се враќам, бегам! Ќе се вратам во својата татковина, Грција, ќе купам куќа на еден од островите – рече музичарот роден во грчката престолнина Атина.
Рок легендата Брус има сличен план: „Ако Трамп биде реизбран – што претпоставувам дека нема да се случи, сепак предвидувам дека ќе изгуби – но ако победи на изборите – се гледаме на првиот следен лет“.
За потсетување, пејачката Мајли Сајрус и актерите Самуел Л. Џексон, Вупи Голдберг и Шелси Хендлер се заканија дека ќе ги напуштат САД за време на последните претседателски избори доколку Трамп ја победи Хилари Клинтон, но тие сепак останаа. Дали овојпат ќе биде поинаку, времето ќе покаже.