Европа се плаши од можноста Трамп да победи на изборите во Америка и да влезе во Белата куќа. Тоа би имало сериозни последици за Стариот континент. Но ќе има и радосни политичари, ако Трамп успее-пишува DW.

Жан-Мари Ле Пен би гласал за Доналд Трамп, призна самиот тој на Твитер. Ако основачот на крајнодесничарската партија “Национален фронт” беше Американец, тој ќе го даде својот глас за кандидатот на републиканците Доналд Трамп.
Оваа вест не е никакво изненадување. Многу други претставници на партијата “Национален фронт”, вклучувајќи раководни кадри, недвосмислено изразуваат симпатии за Трамп. Во таа смисла и претседателката Марин Ле Пен, која ги поддржува “Заборавените” (Трамп и Сандерс). Со оваа метафора за “Заборавените” Ле Пен ги потврдува стравовите кои се подгреваат во Европа, за сè поуспешната кандидатура на Доналд Трамп. Францускиот весник Монд стравува дека евентуален успех на Трамп може да даде нов поттик на десните популисти во Европа. Ако тој влезе во Белата куќа во 2017 година, можеме да претпоставиме дека популизмот “а ла Трамп” ќе ја пиролизира политичката култура на Стариот континент. А тоа би можело да доведе до распад на политичката различност во Европа во последните децении.
“Популистот ја признава само сопствената програма. Ако е вистински популист, тој нема да се задоволи само да ги критикува елитите, бидејќи тој е антиплуралист. Тој се смета за единствениот автентичен претставник на својот народ”, напиша тој повод Монд.
Сеќавање на Берлускони
Од пред неколку години во Европа се забележуваат такви тенденции. Европските популисти редовно го преиспитуваат демократскиот процес кој не води до резултатот што тие го сметаат за единствен и правилен. Герт Вилдерс, на пример, го прогласи за “лажен парламент” Долниот дом на парламентот на Холандија. Или пак Доналд Трамп, кој по победата на републиканскиот ривал Тед Круз во Ајова го обвини во фалсификат.
Отворени 1.845 случаи за навреда на Ердоган
Италијанската новинарка Глорија Ориџи од весник Il fatto quotidiano вели дека Трамп многу потсетува на Силвио Берлускони. Исто како поранешниот италијански премиер и медиумски магнат, Трамп одржува имиџ на аутсајдер, но ги користи сите шанси кои му ги нуди политичкиот систем. “Никој не знае што ќе направи Трамп во политички однос при евентуален успех. Во секој случај тоа нема да има ништо заедничко со желбите и претпоставките на граѓаните кои сега смирувачки го повторуваат неговото име како некој еликсир. Доналд Трамп го продава исклучиво името Трамп. И колку подобро го прави тоа, толку успешно ќе го продава и во иднина “, пишува Ориџи.
Нејасна политичка програма
Британското списание The Spectator ја нагласува политичката непрепознатливост на Трамп. “Немаме поим како би изгледала едно негово влада” пишува весникот, цитирајќи го американскиот политиколог Ентони Кордесман. Според него досега Трамп поставил само барања, а во случај на успех ќе треба да управува со земјата. “Дали некој знае дали тој ќе го зголеми воениот буџет или ќе го скрати? Еднаш вели дека треба да се фрлат повеќе бомби во Сирија, а друг пат е против”, вели политикологот и потсетува дека неговите одлуки како претседател ќе се рефлектираат директно и врз Европа.
Британскиот Гардијан пишува дека Доналд Трамп води реторика на себелљубие и разграничување. Тој проповеда дека човек може да го постигне сето, ако другите не му пречат. “Трамп се држи цврсто кон другите – тоа се имигрантите, муслиманите, Мексиканците, итн”, посочува весникот.
“Политика на стравот”
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер исто го визира разграничувањето и ја дијагностицира американската политика како “политика на страв”, без да именува конкретни имиња. Најголемата грижа на европските политичари е токму ширењето на паника и страв, кои можат да го опфатат и Стариот континент. Речиси во цела Европа веќе има партии кои вложуваат на логиката на разграничувањето и експропријацијата.
“Независно од исходот на американските избори, Европејците треба да се постават за уште нешто – за разделба со доктрината Обама”, пишува Монд: Таа се изразува во релативно воздржана надворешна политика, која се потпира на соработката. Дотогаш Европејците ќе треба да си пресметаа што може да очекуваат од САД. Бидејќи на 20 јануари 2017 година Барак Обама ќе исчезне заедно со својата доктрина, пишува уште Монд.
