92
Дел од договорот кој денеска го потпишаа партиите е фокусиран на Специјалното јавно обвинителство и гласи:
Специјалното обвинителство треба да се поддржи:
а) Во случај Уставниот суд да донесе одлука дека Специјалното јавно обвинителство или негов дел е неуставен, четирите партии ќе се заложат да ја усогласат легислативата со одлуката на судот и повторно, во рок од пет дена, да го воспостават обвинителството. Ефективноста, опсегот и целите на Специјалното јавно обвинителство треба да се одржат.
б) Четирите партии го повикуваат Уставниот што побрзо да заседава за Законот за СЈО.