Мендух Тачи, лидерот на ДПА во „Клик Плус“, истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ имала договор со најголемата албанска партија ДУИ, немало да ги „есапи“ другите албански партии.
„И ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат предвремени избори. На двете партии тоа им одговара. Мислам дека Мицкоски дури не сака сега да биде премиер, би сакал повеќе техничка влада со премиер Албанец за да расте уште повеќе бројот на гласови за ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски и Заев се сретнаа два пати во овој период. Ако ВМРО-ДПМНЕ има договор со ДУИ, нема да ги „есапи“ овие другите албански партии, но мислам дека ДУИ тактизира овој период“, вели Тачи.