Ако живеете во близина на шума, имате среќа

од desk4
81 прегледи

Германските научници откриле дека живеењето во близина на шумата влијае на мозокот, бидејќи ја зајакнува амигдалата, пишува Daily Mail. Изобилството на дрвјата во соседството ги тера луѓето на помалку стрес со стимулирање на зоната во мозокот што ги контролира емоциите.

Се работи за амигдала, која е одговорна за вознемиреност. Според авторката на истражувањето д-р Симоне Кун од Универзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф, животната средина влијае на структурата и функциите на човечкиот мозок.

Нејзиниот тим анкетирал 341 возрасен човек на возраст помеѓу 61 и 82 години. Тие морале да вршат тестови поврзани со меморијата и логичките задачи. Во исто време, волонтерите биле подложени на скенирање на мозокот. Тоа мораше да ги утврди процесите на амигдалата и на стресот.

Добиените податоци беа споредени со местата каде што живееле учесниците. Најдобри показатели беа граѓаните кои постојано живеат во близина на шумските области. Структурата на нивната амигдала се покажала како најживописна, што значи дека тие можат подобро да се справат со стресот.