Акробатка од Кина почина откако падна за време на настап во градот Сужоу во саботата. Нејзиниот сопруг и партнер во настапите не успеал да ја фати за нозете, пишува Би-Би-Си.
По падот таа била пренесена во болница каде лекарите се обиделе да ѝ го спасат животот.
Истрагата е во тек, но како што пишува весникот, акробатката и нејзиниот сопруг настапуваат заедно со години и често без безбедносни мерки бидејќи сметале дека акробатските активности изгледаат подобро така. Видеото се прошири на социјалните мрежи и жителите на Кина се згрозени.
Тие пишуваат дека акробатиката носи висок степен на ризик и ја изразија својата загриженост за слабите безбедносни мерки во таа индустрија.
Од тамошното одделение за култура и туризам велат дека изведувачката група која стои зад овој настап не добила одобрение за изведување акробации и дека ќе се „постапи соодветно на тоа“.