336
Шонка Дукурех, актерка и пејачка која ја глумеше Биг Мама Торнтон во филмот „Елвис“, почина на 44-годишна возраст.
Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Нешвил во четвртокот, соопшти полицијата.
Едно од нејзините две деца ја пронашло без свест и отишло кај соседот за помош, кој се јавил на 911.
Причината за смртта се уште не е позната, но полицијата не се сомнева дека има елементи на кривично дело.