Актерка уапсена поради кражба на маица од 28 долари

од Nikola Popovski

Актерката Клои Чери, која се прослави по втората сезона на серијата „Еуфорија“ во улогата на наркоманката Феј, е уапсена поради кражба на маица вредна 28 долари.

Според документите до кои дојде „Ланкастер онлајн“, вработен во трговскиот центар им покажал на властите снимки од 27 декември, каде поранешната порно ѕвезда и манекенка влегува во гардеробата во маица „Moda international“. Се се случило во нејзиниот роден град Ланкастер, Пенсилванија.

Подоцна била видена како ја напушта наведената кабина без маица во раката, која не можеле да ја најдат, што ги навело работниците да претпостават дека таа ја зела. Според жалбата, актерката ја користела својата кредитна картичка за да плати други предмети, но не ја купила маицата. Подоцна се вклучила и полицијата, а Чери наводно признала дека ја зела и потоа ја вратила во полиција.

Поради успехот што го стекна во втората сезона на серијата „Еуфорија“ на HBO, актерката реши да ја напушти порно индустријата и манекенството, бидејќи не сака да се занимава со тоа цел живот. Бидејќи не е во финансиски проблеми, не е јасно зошто се случила кражбата.

Слични содржини