Актерката Френ Дрешер, позната по улогите во сериите „Nanny“ и „Happily Divorced“, во интервју за CNN отворено зборуваше за нападот кој го доживеала во 1985 година која непознат маж и влегол во куќата и ја силувал неа и нејзината пријателка, додека нејзиниот тогашен сопруг, Питер Марк Џејкобсон, бил врзан и со превез на очите.
Дрешер тогаш имала 28 години и за трауматичносто искуство веќе зборувала, а некои детали ги откри во автобиографијата. Сега за CNN рекла дека напаѓачот бил на условна казна.
– Тешко е да се помисли дека бил приведен, а потоа пуштен за сето тоа што го направи- рекла и открила дека благодарение на својата фотографска меморија, на полицијата им помогнала да направат скица според која силувачот подоцна бил приведен.
– Барем го имав тој завршеток кој многу жени го немаат. Тој сега е затворен и више никогаш нема тоа да го направи, не морам да се плашам дека ќе го сретнам зад некој агол – рекла Дрешер.
Инаку, во 2000 година на актерката ѝ бил дијагностициран рак на матката, за кој смета дека е резултат на тоа трауматично искуство.