Актерката Хафман излезе порано од затвор

од desk4
340 прегледи

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ излезе од затвор откако отслужи 11 од предвидените 14 денови, откако призна дека учествувала во измама со државните тестови за прием на колеџ на нејзината ќерка.

Таа е првата од 30-те родители кои биле вмешани во оваа измама, а е осудена за своето дело. Хафман платила најмалку 15.000 долари на измамничка група која ветувала подобри резултати на испитите САТ.

Хафман е ослободена бидејќи полицијата дозволува затвореникот да излезе пред предвидениот датум, ако се паѓа во сабота, недела или празник, освен ако не е предвидено останување до крај поради специјален полициски надзор.

Актерката во писмо до судот се извинила на државата и на засегнатите, бидејќи се обидела да го измами образовниот систем, наведувајќи дека се срами за своето дело.

Слични содржини