Актерката која го игра ликот на Дајана во The Crown: „Беше неподносливо, таа го живеела тоа“

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Актерката Елизабет Дебики го толкува ликот на принцезата Дајана во серијата „Круната“, во која се зборува за животот на британското кралско семејство.

Принцезата Дајана трагично загина во 1997 година, а креаторите на споменатата серија неодамна беа на удар на критики поради нивната одлука да го драматизираат овој настан.

Елизабет рекла дека тие сцени ѝ биле посебно тешки.

„Беше тешко да се оживеат тие настани. Некогаш и мене ми беше исклучително тешко затоа што ме прогонуваа актери кои глумеа новинари, немаш каде да одиш и треба само една минута за да се најдеш во таква ситуација пред да сфатиш дека тоа е сосема неподносливо и дека Дајана навистина поминувала низ тоа“, изјавила актерката за Vanity Fair.

 

„Мислам дека ќе биде многу интересно да се види како луѓето ќе реагираат на серијата“, додаде таа.

Австралиската актерка сакала максимално верно да го прикаже ликот на „најомилената британска принцеза“, па презела драстични мерки.

„Имаше нешто во тој костим за капење и оживување на тој момент што изгледаше многу свето и беше многу важно тоа да се направи како што треба“, изјавила актерката за споменатиот медиум.

Слични содржини