379
Актерката од популарната серија „La Casa de Papel“ призна дека е заразена со коронавирус, па се јави преку својот профил на Инстаграм.
Ицијар Итуњо вели дека се чувствува добро и ги замоли сите да бидат одговорни и внимателни.
„Имав симптоми од петокот, а денеска стигна резултатот и во прашање е коронавирус. Не е ова глупост, немојте да бидете несериозни. Многумина починаа, не знаеме до каде ќе оди ова“, напиша Итуњо и додаде дека во карантин ќе биде најмалку 15 дена.