Актерката Хејден Пенетијер повторно претепана од страна на нејзиното момче, Брајан Хикерсон.
Брајан на Денот на вљубените се изживувал врс својата девојка и колешка. Полицијата го уапсила веднаш по пријавата дека извршил семејно насилство, откако Хејден го обвинила дека ја удирал по лицето.
Хејден го исфрлила од куќата, а нејзините соседи ја известиле полицијата.
„Го уби Бог во мене“, викала актерката кога полицијата пристигнала.
Брајан гласно викал дека „не сака да биде обвинет за никакви гомненици“, но не кажал дали ја тепал.
Според зборовите на полицијата, актерката, во моментот на апсењето на Брајан, имала црвено и отечено лице.
Ова инаку е втор пат Брајан да изврши физичко насилство врз својата девојка. Тој пред само девет месеци под дејство на алкохол ја истепал Хејден, па поради тоа бил уапсен.
Многумина ѝ замеруваат на актерката, бидејќи кратко по првиот напад, му се вратила на Брајан, иако тој бил насилен кон неа, како и за фактот дека таа не сведочела против него.
По овој скандал, таа го изгубила старателството над петгодишната ќерка Каја, која ја има со професионалниот украински боксер, Владимир Кличко.