Актерката Шенон Доерти поднесе барање за развод

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Шенон Доерти и Курт Исвариенко се разведуваат. Имено, хероината од серијата Charmed (52) во петокот поднела барање за развод по 11 години брак.

„Разводот е последното нешто што го сакаше Шенон“, откри Лесли Слоун, претставничка за медиумите на актерката, во изјава за PEOPLE. „За жал, таа почувствува дека нема друг избор“.

Таа потоа додаде дека агентот на Курт бил „интимно вклучен“ во нивниот развод. Сепак, двајцата не се огласија по оваа прилика.

Според документите за развод до кои дојде TMZ, двојката се разделила во јануари и немала деца за време на бракот.

Неколку часа пред веста за поднесување документи за развод да излезе во јавноста, Доерти сподели интересна порака на Инстаграм.

„Единствените луѓе кои заслужуваат да бидат во вашиот живот се оние кои ве третираат со љубов, добрина и целосна почит“, гласеше објавата која беше споделена и на нејзиното Инстаграм „стори“.

Доерти и Исвариенко се венчаа во октомври 2011 година. Актерката претходно беше во брак со Ешли Хамилтон од 1993 до 1994 година и со Рик Саломон од 2002 до 2003 година.

Слични содржини