Актерот Лечиќ ќе побара полиграф: Тврди дека се работи за уцена

од Nikola Popovski
521 прегледи

Српскиот актер Бранислав Лечиќ наводно дознал пред неколку недели дека актерката Данијела Штајнфелд ќе го пријави за силување, што им го соопштил на неговите најблиски соработници, и во таа прилика им рекол дека ќе побара да биде испитан на полиграф.

Имено, веќе неколку недели, некои реномирани медиуми од странство работат на објавување на сторијата врз основа на податоците што им ги дала Штајнфелд. Еден од тие медиуми му се јавил на Лечиќ поради коментарите, па открил дека е прашање на денови кога приказната ќе се појави во јавноста.

Одлучил да ги повика своите најблиски соработници за да им се довери во она што требаше да го очекува.

„Нè собра и рече дека една актерка ќе го обвини за силување, но дека тоа е наместено, дека тоа е нејзина уцена и дека сака да ѝ плати“, открил за српски „Блиц“ еден од соговорниците .

На забелешката на неговиот соработник дека ако имало наводна уцена, тогаш треба да го пријави до надлежните органи, Лечиќ споменал дека има спорна снимка. Медиумите претходно објавија дека Штајнфелд скришно снимала разговор со човекот кој го обвинува за силување и дека ова може да биде клучен доказ доколку има судење.

Имено, во трејлерот на филмот „Исцели ме“, Даниела Штајнфелд се појавува неколку секунди додека му се доверува на некого преку лаптоп во видео повик. Таа го прашува непознатиот маж дали се сеќава дека плачела и не сакала да биде сама со него, дека се чувствувала загрозена, дека цело време викала „не“…

Како што тврдат веќе споменатите медиуми, Лешиќ за спорното видео изјавил дека станува збор за „проба“ и дека тој „само глумел“, а Данијела наводно „го користела и злоупотребила“ тој дел.

„Тогаш тој рече дека ако се открие приказната и снимката, тој ќе побара да биде испитан на полиграф“, открива соговорникот.

Слични содржини