Актерот од Игра на тронови позитивен на коронавирусот

341 прегледи

Норвешкиот актер Кристофер Хивју, на пошироката јавност познат по улогата во серијата Игра на тронови, е позитивен на коронавирусот.

41-годишниот актер тоа го соопштил преку својот Инстаграм, објавувајќи фотографија со сопругата и откри дека целото семејство е во изолација откако тој открил дека има коронавирус.

https://www.instagram.com/p/B9zvkEHBRjf/?utm_source=ig_embed

„Добро сме, имаме благи симптоми на настинка“, рекол тој и ги повикал сите да внимаваат на мерките на претпазливост, редовно да ги мијат рацете и да држат растојание од барем метар и половина.

„Направете се што можеме да го спречиме ширењето на вирусот“, заклучил актерот.

Вчера и актерот Идрис Елба откри дека има коронавирус.

Кристофер во Игра на тронови се појави во улогата на Тормунда Џајантсбан.

Слични содржини