Актерот Рами Малек ќе ja игра улогата на рок легендата Фреди Меркјури

од desk2
173 прегледи

Американскиот актер Рами Малек ќе ја игра улогата на Фреди Меркјури во долго очекуваниот биографски филм за рок групата “Queen”.

rami-malek-full-hd

Првично улогата беше дадена на актерот Саша Барон Коен, но тој одби “поради креативни разлики” со Брајан Меј и Роџер Тејлор, кои се музички продуценти на филмот.

Снимањето на филмот “Bohemian Rapsody” се очекува да започне во 2017-та година и ќе биде во режија на Брајан Сингер. Филмот е продуциран од Греам Кинг, кој е добитник на Оскар за филмот “The Departed”.

freddie-mercury

Рами Малек е холивудска ѕвезда во подем од египетскo потекло. Оваа година тој ја освои неговата прва “Еми” награда за главна машка улога во драма серијата “Mr. Robot”. За истата улога има и номинација за “Златен глобус”.

2111216941

Филмот “Bohemian Rapsody” е еден од најочекуваните биографски музички филмови.